Алијансата за Албанците е против било која тенденција да се славизира во која било форма името на државата. Во врска со новиот предлог на името на државата, Алијансата за Албанците смета дека ова именување е силен удар врз секуларниот карактер на државата како една од основните темели на либералната демократија, беше заклучено вчера на седницата на Централното претседателство на Алијасната на Албанците како став на партијата за предлогот „Република Илинденска Македонија“.
Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е безкомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците. Партијата е против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата, изјави лидерот на партијата, Зијадин Села.
Тие го потсетуваат премиерот дека „Албанците во овој важен политички процес не можат да бидат претставувани од некој кој е повеќе пати делегитимиран од гласачите – Албанци во повеќе изборни циклуси”.
Виктор Јованов