Немам алтернативна држава, не размислувам да бегам, рече Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР, откако судот го осуди на 9 години затвор за набавката на возила во МВР. По изрекување на пресудата, обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Поповски поради опасност од бегство.
„Ниту имам можност, ниту потреба, ниту размислувам за бегство“, рече Поповски.
Тој рече дека со целиот случај и судењето против него ѝ нанел болка на неговата сопруга и дека таа имала операција поради што не може да се движи. Рече дека има само еден син што живее и се школува во Македонија и дека има болна мајка со која живеел пред еден месец, но сега морале да ја сместат во дом.
Судот даде 40 минути пауза за да одлучи за притворот. Одбраната на Поповски побара судот да не го прифати барањето за притвор и да ја земе предвид неговата влошена здраватвена состојба и тоа што е семеен човек.
Васко Маглешов