Исплашени кавадарчани побарале пожарникари да ги спасат од смок

Од:

Исплашени кавадарчани соноќа побарале помош од пожарникари да ги спасат од смок во строгиот центар на Кавадарци.

Информацијата за МИА ја потврдија од кавадаречката Територијална противпожарна единица. Оттаму нагласија дека покрај гаснење на пожари, спасување при сообраќајки, достава на вода со цистерни, им се случуваат и вакви несекојдневни повици за помош. Притоа потсетија дека имаат вадено баба која паднала во бунар, а се имаат и со скала качувано во стан од висока зграда, за преку отворена тераса да помогнат на сопственик чие дете се заклучило во станот и заспало.

– Мораме да нагласиме дека според нас, змиите и смоковите не напаѓаат ако не се загрозени. Затоа смокот не го отепавме, туку со пожарникарското возило го однесовме надвор од градот и го пуштивме, децидни се од противпожарната единица.

Би можело да ве интересира

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

(ВИДЕО) Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола?

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски