Се одржа завршната училишна матурска прослава во Крива Паланка

Од:

Матурантите од кривопаланечкото средно општинско училиште „Ѓорче Петров” придружувани од своите професори со голема забава денеска го заокружија своето четиригодишно средно образование.

Добија и славеничка торта од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

– Велат дека во животот кога славиме-победуваме, кога губиме-созреваме. Ние овде денеска ја славиме вашата победа на една фаза од животот-полнолетството, матурирањето, но мора да кажам, истрчавте само еден круг, една етапа од целиот циклус на животот кој носи успеси и падови. Посакувам да сте секогаш среќни како денес, да бидете упорни и посветени, да вложите многу енергија во се она што планирате да го остварите, без оглед на тоа дали предизвикот за потрага по нови знаења ќе значи универзитетски индекс, или пак, останати правци во кои ќе се усмерите, посочи Мицевски.

Како што рече, секоја река го пронаоѓа својот пат до морето.

Во гимназијата „Ѓорче Петров“ учебната 2017/2018 ја завршија 166 матуранти, во гимназиско: општествено-хуманистичко подрачје, јазично-уметничко и прородно математично подрачје како и во стручните паралелки за електротехничка, машинска и туристичко-угостителска струка.

– Гордост и чест е да се стои овде пред вас, убави, умни, млади, насмеани, топли, срдечни и мудри личности. Ви посакувам секогаш гордо и достоинствено да чекорите низ животот како што и васлужувате, и вие, но и целото наше општество, зашто сите вие сте дел од светот на умната човечност, порача директорката на СОУ „Ѓорче Петров, Габриела Стаменковска.

Учениците продолжија со дружба во дворот на училиштето, по што ќе имаат викенд – пауза, пред главната свеченост – вечерната матурската забава, закажана за понеделник, 21 мај.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот