Работилница за акциски план против труење диви животни

Од:

Македонското еколошко друштво во соработка со Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) денеска организира меѓународна работилница за отпочнување изработка на акциски план за борба против труење на диви животни.

Целта на состанокот е изработка на национална шема за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни во согласност со националната легислатива и вклучување на надлежните институции.

На денешната работилница ќе учествуваат експерти од МЗШВ, МЖСПП, Државните инспекторати за шумарство и ловство и за животна средина, професори од Факултететот за земјоделство, Факултетот за безбедност, МВР, крим техника, Ветеринарен факултет како и меѓународни експерти од Бугарија, Србија и Шпанија.

За време на состанокот ќе се направи размена на искуства со експерти од Шпанија, а ќе се дискутира за приоритетите и недостатоците и заеднички ќе се дефинираат препораките за понатамошната изработка на акциски план за борба против труење на диви животни.

Креирањето на акциски план за борба против труење е компонента на Балканскиот проект за борба против отрови (BAPP) кој се спроведува низ Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција. Македонското еколошко друштво во овој проект се јавува во својство на партнер организација од Македонија.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он