Градоначалникот на Кавадарци додели потврди на повеќе лица за извршена општокорисна работа

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска додели потврди на повеќе лица за извршена општокорисна работа.

Тоа всушност значи дека помина уште еден циклус од овој проект кој опфаќа грижа на стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид. Беа вклучени 12 невработени лица за надомест од 8.268 денари месечно, во кој е вклучен и персонален данок.

Лицата имаа скратено работно време од 20 часа неделно. Во делокругот на обврските им беше да набават и достават лекови, храна и други намирници, плаќање на сметки и заедничко дружење со оние кои побараа таква помош од општината и беа вклучени во проектот.

Јанчев оцени дека проектот е од огромно значење за да им се помогне на лицата кои не се во можност да ги извршат основните обврски.

-Тие успешно си ја завршија својата работа и затоа упатувам голема благодарност до нив. Благодарни на помошта се и опфатените 48 крајни корисници, стари, изнемоштени, инвалидизирани лица и лица со оштетен вид, рече градоначалникот.

Негувателите опслужуваа по четири лица, а претходно посетуваа обука во организација на УНДП, од акредитирана институција од каде добија и сертификати.

Од локалната самоуправа велат дека со успешното спроведување на овој проект во однос на социјалната заштита, се зацврсти позицијата на општината како општествено одговорна заедница. Исто така намалено е чувството на осаменост кај 48 стари и изнемоштени лица, а се охрабрија и мотивираа невработените лица од ранливите категории кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.

Бидејќи се покажа како мошне корисен, градоначалникот најави дека проектот ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил