Францускиот фудбалски репрезентативец, Оливие Жиру изјави дека амбициите на „триколорите“ на Мундијалот во Русија се најмалку полуфинале.
– Очекуваме подобар пласман од претходното Светско првенство. Целта која федерацијата ја постави пред репрезентацијата е да се стигне барем до полуфиналето. Секој од нас ќе се обиде да го даде максимумот, истакна Жиру.
Франција на СП е во групата-Ц заедно со Австралија, Перу и Данска.
Мундијалот во Русија почнува на 14 јуни.