Автобус на ЈСП насила запрен и каменуван

Од:

Две лица од село Сингелиќ, А.Ј. (18) и 16-годишник, вчера поладне со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки запреле автобус на ЈСП број 65 што сообраќал од Транспортен центар кон село Стајковци.

Лицата му се испречиле на автобусот додека се движел по улицата „Алија Авдовиќ“. Откако го запреле, излегле од возилото и побарале од возачот да ги отвори вратите. Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло на автобусот.

Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница.

Случајот е пријавен веднаш. Полициски службеници излегле на местото на настанот и ги привеле лицата. Тие во полициска станица изјавиле дека го запреле автобусот зашто во него се возеле три лица кои претходно нив ги нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов