Во Кавадарци се уредува просторот околу гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија

Од:

Во Кавадарци започна уредување на просторот околу гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

Од Службата за односи со јавноста при општината денеска информираа дека станува збор за иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев.

– Беа спроведени активности за санација на урбаната опрема. Интервенцијата на овој простор е прва од ваков вид. Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотраени, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата, појаснија од Службата за информирање.

​Просторот околу оградата на гробните места ќе биде и хортикултурно уреден.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак