Одбраната на Јанакиески смета дека дел од доказите не треба да бидат презентирани во случајот „Топлик”

Од:

Одбраната на екс министерот за транспорт Миле Јанакиески бара еден дел од 608 докази за предметот Топлик да бидат презентирани. Адвокатите велат дека селектирале 83 докази кои сметаат дека треба да се читаат и презентираат на рочиштето, предлог на кој од СЈО реагираа дека на овој начин само се одолговлекува постапката.

– Одбраната си одлучила кои докази да ги чуе јавноста, а кои не. Вака се оптоварува записникот и се одолговлекува постапката. Сите докази се битни, не само 83, рече обвинителката Лиле Стефановска.

Одбраната претходно побара и вештачење на „бомбите“ бидејќи се сомневаат во нивната автентичност.

-Автентичноста е дискутабилна и спорна поради фактот што се презентираат копии од телефонски разговори, па при трансферот од примарниот систем на МВР за легално следење на комуникациите, на друг електронски медииум се отвора можност за нивна измена и нецеловитост, реагираше адвокатката Сања Алексиќ, во однос на претходното рочиште кога беа презентирани “бомбите”.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on