Јавна расправа за потребните мерки и активности за воведување на 5Г мобилната технологија во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
За утврдување на мерките и активностите за 5Г е формирана работна група како дел од подготовките на национален оперативен план за развој на брзи и супербрзи електронски комуникациски мрежи, проект на МИОА.
На jавната расправа се најавени обраќања на министрите за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и за транспорт и врски Горан Сугарески.