Кавадаречката полиција на едукативна средба со матурантите пред матурските вечери

Од:

Кавадаречката полиција денеска реализираше едукативна средба со матурантите од гимназијата “Добри Даскалов”, пред претстојните матурски вечери. Полициските претставници им посакаа на матурантите среќни и безбедни матурски вечери, со укажување и во овие денови да се почитуваат сите законски прописи.

– Целта е превентивно да се влијае врз нивната свест, со цел да внимаваат и да не ризикуваат со непромислени постапки во овие за нив среќни моменти од животот. Минатото говори дека поради невнимателност се имаат случувано трагични настани токму за време на матурските вечери. Затоа ги потсетивме додека траат ваквите забави да не претеруваат со алкохол, да избегнуваат управување со автомобили и слично. Сето тоа заради нивна лична безбедност, но и заради безбедноста на другите, нагласи Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој потсети на познатата изрека дека е подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак