Невреме го зафати Кавадарци, интензивно се чистат улиците од наноси со земја

Од:

Општина Кавадарци синоќа ја зафати невреме. Интензивно се работи на чистење на улиците од наноси со земја од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“.

– Поројните дождови во вечерните часови оставија последици низ кавадаречките улици. Неколку екипи на комунални работници со механизација се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и отстранување на наносите од нив. Активностите ќе продолжат се до целосно отстранување на последиците кои невремето ги остави зад себе, информира Јавното претпријатие „Комуналец“.

Од претпријатието соопштија дека ја следат состојбата во градот и оти веднаш се реагира таму каде што е потребно.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак