Апел до кавадарчани да го селектираат отпадот

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци денеска упати апел до кавадарчани да го селектираат отпадот, бидејќи од неодамна имаат и посебни контејнери за пластика, хартија и стакло, обезбедени во соработка со „Пакомак“.

– Денеска „Пакомак“ започна со празнење на контејнерите. Веднаш се забележа дека дел од кавадарчани ја почитуваат намената на овие нови контејнери, но за жал има и такви кои во нив ставаат секаков отпад. Со тоа не само што го отежнуваат нивното празнење, туку и ја блокираат идејата за селектирање и рециклирање на отпадот, кое е и те како важно за сите, нагласуваат од комуналното претпријатие.

Оттаму уште еднаш ги замолуваат кавадарчани да прават разлика помеѓу контејнерите за општ смет и специјализираните за пластика, хартија и стакло, со цел почиста и поздрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он