Во последните три години во Крива Паланка 10 случаи на туберкулоза

Од:

Во период од три години, од 2015 до 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце регистрирани биле десет случаи на лица заболени од туберкулоза, информираат од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба пир Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

Според статистиките на Центарот за јавно здравје, во изминатите три години од вакцинопревентабилни заболувања во двете општини регистрирани се 14 случаи, од кои најмногу се лица со ТБЦ (туберкулоза).

– Вкупно 14 лица заболеле од болести што во минатото биле актуелни, пред воведувањето на вакцинација. Десетте регистрирани лица заболени до туберкулоза се на различна возраст, а кај сите изворот на зараза не е познат. Три лица заболеле од Хепатит Б, и тоа две на возраст од 40 -49 години и еден на возраст од 15 до 19 години. Ова се пациенти кои ја немаат примено вакцината против Хепатит Б бидејќи истата во календарот за редовна имунизација е воведена во 2005 година. И кај овие лица изворот на зараза е непознат, информира доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Од вкупно 14-те случаи на лица со заразни вакцинопревентабилни заболувања, регистриран бил и еден случај на паротит.

– Случајот на заушки е регистриран кај дете на тригодишна возраст кое ја нема примено вакцината против МРП и во контакт со слично болен се зразил, додава Крстевска.

Упати апел до сите родители да ги вакцинираат децата со што и ќе ги заштитат од останатите заразни заболувања против кои постојат ефикасни вакцини, но и ќе учествуваат во јакнењето на колективниот имунитет кој не смее да да биде под 95 отсто. Ваков колективен имунитет, според Крстевска, ќе се постигне со следење на редовниoт календар на имунизација.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски