Заев: Демократијата на едно општество зависи од слободата на медиумите

Од:

Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја, во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура, наведува премиерот Зоран Заев во пораката по повод 3 Мај – Светскиот ден на медиумска слобода.

– Цела деценија во нашата држава новинарите беа злоупотребувани, напаѓани, цензурирани и спречувани во својата работа. Беше потисната основната медиумска слобода. Оваа состојба беше и причина за неинформираноста на голем дел од нашите граѓани со што директно беа загрозени основните темели на нашата демократија. Ние како отворена, транспарентна и демократска влада целосно ја почитуваме слободата на медиумите и укажуваме на важноста медиумите да работат пред сè за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата, а не за нечии лични интереси, истакнува Заев.

Тој на сите новинари во Република Македонија им го честита овој ден и ги поттикнува да работат посветено и одговорно.

– Да ја надградуваме нашата демократија и да ги почитуваме фундаменталните човекови слободи и заедно да можеме достоинствено да кажеме дека сме модерна европска демократска држава, наведува Заев во пораката по повод Светскиот ден на медиумска слобода, обајвена на неговата Фејсбук страница.

Би можело да ве интересира

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски