Извори од МВР за Макфакс велат дека на булеварот „Никола Карев“ во 13.30 часот, полициски службеник се обидел да застане возило марка Мерцедес.
Возачот одбил да го сопре возилото, по што полицијата со возило се пуштила во потера по мерцедесот. Откако го стигнале, го застанале возилото и возачот е приведен. За случајот известен е јавен обвинител.
Неофицијално, лицето кое управувало со мерцедесот е жител на Арачиново.
Виктор Јованов