ВМРО-ДПМНЕ: Поповски нема кредибилитет и право да зборува за слободни и стабилни медиуми

Од:

„Министерот Роберт Поповски нема кредибилитет и право да зборува слободни и стабилни медиуми.
Една година апатија и колективна запуштеност во медиумскиот простор. Не направија ниту еден чекор за повисок стандард и квалитет во работата.

Слободно после речиси една година владеење може да се каже дека тој со своето дејствување нема никаков придонес во слободата на медиуми. Напротив, освен бенефитот на шеесетина платени партиски војници во владата, нема никаква конкретна придобивка за новинарите функционирањето на неговото министерство.

Во таа една година се случи вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев да врши брутални закани врз новинар само затоа што поставил прашање, а пак друг новинар е дисциплиниран во министерството за надворешни работи само затоа што се обидел да постави прашање кое не му се допаднало на министерот.

Слободната мисла е загушена, а новинарите како и остатокот од граѓаните не живеат подобро, ниту пак имаат подобри услови за работа.

Голиот популизам на Поповски не ги решава проблемите на новинарската фела, каде главно е чувството на страв. СДСМ со медиумите владее со вметнување на страв.

Да не се заборави дека исто така медиумите се под удар на политички обвинителски процеси со кои раководи врхушката на власт, и тоа се забележува во повеќе релевантни извештаи.

Оваа Влада не го слуша гласот на граѓаните, а нејзиниот приоритет е голиот популизам и лажната транспарентност“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Роберт Поповски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври