Шефот на кинеската дипломатија во посета на Северна Кореја

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска престојува во посета на Пјонгјанг, каде што имаше средба со неговиот севернокорејски колега Ри Јонг-хо, јавија јапонските медиуми.

Засега нема информации за содржината на разговирите, но се претпоставува дека двајцата шефови на дипломатиите разговарале за резултатите од средбата на лидерите на Северна и Јужна Кореја што се одржа кон крајот на април, за состојбата на Корејскиот Полуостров, како и за претстојната средба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп.

Јапонските медиуми наведуваат дека не е исклучено Ванг да биде примен и од севернокорејскиот лидер Ким.

Кинеското министерство за надворешни работи досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите информации.

Односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг се заладија последниве месеци, по одлуката на Кина да се приклучи кон економските санкции воведени кон Северна Кореја со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како реакција на севернокорејјските ракетни и нуклеарни тестови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина