Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, излезе од притвор.
Претходно, Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Митко Чавков опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот.
Пред два дена, Апелациониот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега, ако излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.