(ВИДЕО) Шекеринска во Вермонт: Македонија го заслужи членството во НАТО

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за време на посетата на сојузната држава Вермонт одржа прес-конференција за американски медиуми.

На прес-конференцијата Шекеринска одговараше на новинарски прашања за средбите со гувернерот и командантот на Националната гарда во Вермонт, за целта на официјалната посета на САД, за пораките кои ги доби на средбите со официјалните лица во Вашингтон и значењето на поддршката од стратешкиот партнер за членство на Македонија во НАТО.

„Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во пресрет на Самитот на НАТО. Македонија го заслужи местото во НАТО, работевме напорно. Покажавме дека Македонија е посветен партнер на кој членките на Алијансата можат да сметаат. Веруваме дека поканата за Македонија за членство во НАТО ќе придонесе за нашата стабилност, но и за стабилноста во регионот, и ќе биде во интерес на САД“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Америка го зацврстува притисокот врз Гренланд, Данска се согласува на разговори

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски

Пахлави: Трамп е подготвен да им помогне на демонстрантите во Иран

Пезешкијан: САД и Израел сакаат да посеат хаос во Иран со организирање немири

Американците започнаа силен напад врз ИСИС во Сирија

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран