Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун откако вети дека заедно со Сеул ќе работи на „целосна денуклеаризацијата“ на Корејскиот Полуостров сега е „сечиј херој“.
Дутерте претходно Ким го нарече „будала“, а сега истакнува дека ќе му честита ако има можност да го види и оти севернокорејскиот лидер сега станал негов идол.
– Цело време е опишуван како лошо момче. Со еден мајсторски поотег, сега е сечиј херој. Ким сега изгледа љубезен, исклучително момче и пресретлив, истакна Дутерте по враќањето од Самитот на АСЕАН во Сингапур.
Филипинскиот претседател повеќе пати досега го критикуваше Ким поради нуклеарните амбиции, истакнувајќи оти си „игра со опасни играчки“.