Попладнево почнувајќи од источните делови на земјава имаше развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Од градовите пороен дожд и грмежи имаше во околината на Крива Паланка, Берово и Кратово. Потоа нестабилноста се прошири и кон Прилепско, Крушевско, во околината на Тиквешко Езеро и Јакупица.
Во вечерните часови ќе биде малку до умерено облачно, а на места сè уште ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Во текот на ноќта облачноста ќе се намали.
