Кавадарци ќе добие петкилометарска пешачка патека покрај Луда Мара

Од:

Кавадарци ќе добие петкилометарска пешачка и велосипедска патека покрај реката Луда Мара, од излезот на селото Ваташа до браната Моклиште и старата атрактивна воденица.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ова синоќа го информираше новото раководство на ваташката урбана месна заедница. Тој се сретна и со ваташани, ги слушна нивните потреби, а им ги појасни и плановите на локалната самоуправа околу подобрувањето на животот во ова историски познато село.

– Во моментов се снима теренот на лице место, а потоа ќе пристапиме кон убавиот проект за патеката која ќе може да се користи и за џогирање. Верувам дека таа дополнително ќе го заживее ова место, рече Јанчев, нагласувајќи дека за реализација на целата таа замисла, неопходно е да се разговара и со сопствениците низ чии земјоделски имоти ќе минува патеката.

Ваташани, меѓу другото, побараа од градоначалникот подобро улично осветлување, поплочување на улици, потпорни ѕидови, косење на трева, легнати полицајци и слично.

Јанчев ќе ги посети и останатите месни заедници во општината, со цел да поразговара со жителите околу нивните приоритети и евентуални проблеми.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он