Општина Крива Паланка годинава прв пат по повод Денот на просветителите ќе додели признание за најуспешен просветен работник од образовните институции во градот.
На последната Седница на Советот на општина Крива Паланка беше усвоена Одлука за доделување признание за најуспешен просветен работник на територијата на општина Крива Паланка кое ќе се додели на Свечена академија по повод 24 мај.
Согласно правилникот за услови, критериуми и правилата за доделување на признанието,наставникот треба да применува иновативни наставни практики,да добива признанија од учениците, колегите,родителите и целата заедница, да придонесува за образовната работа и да ги подготвува учениците да станат активни и одговорни граѓани.
Условите предвидуваат наставникот да е вработен во воспитно-образовна институција на територијата на општина Крива Паланка верифицирана со акт од МОН и да има добиено потврди за менторство на наградени ученици во последните пет години, на општински,регионален,државен или меѓународен натпревар по предмети согласно наставната програма.
Според критериумите ,ќе бидат бодирани три највисоки награди,а ќе бидат земени предвид и мислења од совет на родители и наставнички совет,како и поседување сертификати и учества на проекти и семинари значајни за наставниот процес.
Апликациите со потребната документација ќе се поднесуваат до Комисија при општина Крива Паланка, од 23 април до 4 мај, а по што во период од една седмица,од 7 до 14 мај ќе се спроведе и онлајн гласање со што наставникот со најмногу гласови ќе добие 10 бодови, а се бодуваат и сите гореспоменати критериуми и квалификации.
Признанието за најуспешен просветен работник ќе биде доделено на свечена академија која ќе се одржи во пресрет на Денот на просветителите, на 23 мај, во НУ Центар за култура, Крива Паланка.