Во Црна Гора профили на Фејсбук имаат околу половина од жителите, а меѓу најмладите има и зависни од социјалната мрежа, кои се лекуваат на приватна клиника, објави српскиот весник „Блиц“.
Досега се излекувани двајца малолетни зависници.
Специјалистот за лекување од таа зависност Данило Јокиќ истакнува дека показатели за проблемот се нискиот праг на толеранција, занемарување на здравиот начин на живот, постојаното зголемување на времето, поминато на Фејсбук.
Јокиќ посочува дека пациентите поминувале по 15 часа на Фејсбук за време на викендите, а во останатите денови – од пет до седум часа.
Според него, зависниците од Фејсбук се интровертни личности, кои често немаат пријатели, наклонети се да фантазираат и со време го занемаруваат и училиштето.