Околу 600 парчиња неексплодирани убојни средства уништени на Криволак

Од:

Околу 600 парчиња неексплодирани убојни средства беа уништени на Криволак, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, со логистика на министерствата за одбрана, внатрешни работи и здравство.

Директорот на Дирекцијата, Аднан Џаферовски за МИА изјави дека ова треба да се случува секоја година во некој период, откако ќе се соберат одреден број вакви парчиња од повеќе локации на државата.

– Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар, собрани од територијата на целата држава. Потекнуваат од Првата и Втората светска војна. Ги има насекаде, но најмногу во Охридско Езеро, делот кај регионот кај Дојран и Демир Капија, информираше тој.

Нагласи дека има совесни граѓани кои ги пријавуваат овие случаи, но за жал има и такви кои не обрнуваат големо внимание на тоа и на свој ризик преземаат мерки кои се недозволиви.

– Секогаш апелираме кога ќе се наиде на сомнителна ситуација или вакво парче, задолжително да пријават во најблиската полициска станица, додаде Џафероски.

Би можело да ве интересира

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски