Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Од:

Од почетокот на 2022 година, во Украина се изгубени или украдени 780.465 парчиња огнено оружје, кои потоа би можеле да завршат на црниот пазар, објавија италијанските медиуми.

„Од 2022 година, 780.465 парчиња огнено оружје се изгубени или украдени, а од нив, 149.000 само во првите пет месеци од оваа година“, се наведува во статијата.

Исто така, се забележува дека поголемиот дел од оружјето исчезнало во регионите Николаев, Киев и Донецк во Украина.

Тие или веќе завршиле на црниот пазар или паднале во рацете на мафијата.

Главниот обвинител на Палермо, Маурицио Де Лучија, изјави дека безбедносните сили веќе откриле оружје што пристигнало во Италија преку Балканот.

Како што се истакнува, мафијата е заинтересирана за модерно оружје кое се појави на црниот пазар и се подготвува да создаде високотехнолошки арсенал од кој Италија во моментов не е во можност да се одбрани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра