Акција за расчистување на јавните површини од хаварисани и неисправни возила во Крива Паланка

Од:

Во Крива Паланка се спроведува акција за отстранување нерегистрирани, неисправни и хаварисани автомобили, приколки и делови за возила од јавните уредени и неуредени површини во градот и приградските населби.

Расчистувањето го спроведува Одделението за инспекциски надзор при локалната самоуправа на општина Крива Паланка, од каде информираат дека возилата и останатите придружни делови се отстрануваат поради тоа што го заземаат постојниот постор за паркирање, го попречуваат движењето на сообраќајот и го нарушуваат естетскиот лик на просторот на јавните површини.

Според законот за јавна чистота забрането е оставање на нерегистрирани, неисправни и хаварисани возила, приколки и делови од возила на јавни површини, а отстранувањето на наведениот вид на возила е должност на сопствениците односно носителите на правото на користење на истите.

Ако возилото не го отстрани сопственикот против него ќе се покрене барање за прекршочна постапка за изрекување на соодветна казна согласно на наведениот Закон за јавна чистота, додека отстранувањето на возилото го врши овластено лице по налог издаден од комуналниот инспектор.

Од општина Крива Паланка просочуваат дека само во изминатиот месец од страна на општинскиот комунален инспектор издадени се 25 решенија за отстранување на наведениот вид на возила на јавни површини на нивните сопственици, при што се отстранети 19 возила, а за шест возила се води постапка.

Во овој случај покрај казната за сторено недеозволено дејство, трошоците за отстранување и трошоците за чување на возилото се на сметка на сопствениците односно носителите на правото на користење на возилата.

Во тек е постапка на пронаоѓање на сопственици на уште 25 евидентирани возила кои се наоѓаат на јавни површини.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски