Петнаесет лица од Крива Паланка бесплатно се обучуваат за негуватели

Од:

Петнаесет невработени лица од Крива Паланка се опфатени со обука за негуватели на стари лица во рамки на Програмата за општинско-корисна работа која ја организираше локалната самоуправа на општината.

– Започна обуката за негуватели на стари лица во рамки на Програмата за општинско-корисна работа. На обуката учествуваат лицата кои беа ангажирани во проектот „Грижа за стари лица“ во Програмата за општинско корисна работа за 2017 година која ја реализираше општината во изминатиот период во руралните средини на територијата на Крива Паланка, изјави Елена Христовска, координатор на проектот.

Предавањата и обуките ги реализира медицинско лице, доктор Мартин Младеновски, а учесниците ќе се стекнат со меѓународен сертификат за негуватели на стари лица кој ќе им користи при вработување или во некој следен циклус од Програмата за општинско корисна работа.

Целокупната обука ја спроведува Здружението „Поли Проект“ од Штип и истата ќе трае три месеци.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот