ФОТО: Тепачка во дворот на гостиварската гимназија

Од:

Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди.

Од СВР Тетово потврдуваат дека случајот кај нив го пријавил вработен во училиштето попладнево околу 16 часот.

Според првичните сознанија, две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во училиштето, во дворот на гостиварската гимназија започнале расправија која набрзо прераснала во физичка пресметка.

По пријавата, полициски излегле на местото на наршувањето, разговарано е со дел од учесниците во нарушувањето и се работи на расветлување на поединостите и кој се учествувал и кои се мотивите.

Од политичката партија Алијанса за Албанците во соопштението до јавноста наведуваат дека повредените се професори во училиштето и дека нападот има политичка заднина и реваншизам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов