Дукоски и Миланов: Недостасува една секунда од првата „бомба“ за Тендери

Од:

Бранителот на обвинетните во случајот „Тендери“, адвокатот Сашко Дукоски смета дека СЈО несериозно ја води постапката и потенцира дека во првата „бомба“ фали една секунда и за разлика од транскриптот го нема делот во кој директорот на Бетон Штип Илија Брезилски ја пцуе првообвинетата, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

– Ова е втор пат што се случува истото, првпат беше со вештачењето по завршувањето на истрагата повторно се бараа докази да се доврши веќе завршеното вештачење. Денеска недостасуваа делови од телефонските разговори. Не сметам дека постои намера, изјави Дукоски по завршувањето на денешното рочиште во Кривичниот суд.

Тој потенцира дека доказите што беа изнесени во првата од „бомбите“ снимена на 14 јуни 2011 година нема, како што рече, „блага врска“ со конретниот кривично правен настан.

– Се зборува за анкес на договор кој е потпишан во мај 2011 година и се однесува за карабината на објектот кој го градела истата фирма која ги изведувала и завршните занаетчисики работи. Тој разговор нема никаква врска, а особено е интересен односот на првообвинетата кон главниот сведок на обвинителството. Ако се изнесувате на негативен начин за некого не е логично да го фаворизирате да добие тендер. Тоа е невозможно, рече Дукоски.

Нагласи дека за предметот на обвиненитето, односно постапката за завршните занаетчиски работи, нема анекси, туку само јавен повик, склучен договор и решение за избор на најповолен понудувач за кој се поминати сите законски рокови и никој не приговоарал.

Неговиот колега, адвокатот Еленко Миланов посочи дека не се согласува со Дукоски оти не постои намера кај СЈО и додаде дека делот кој е изземен од бомбата покажува нетрпеливост меѓу двете спротивставени страни.

– Премногу се инсистираше да не се даде разговорот до крај и да не се слушне пцовката… Овој тендер нема анекси. Работата и по основниот договор од 2008 година, во кој има пет анекси, и по договорот за завршни работи е завршена во 2013 година, а ние зборуваме за некави преземени дејствија во 2011 година, изјави Миланов.

Прво обвинетата во „Тендери“ се товари дека го фаворизирала Бетон Штип да биде избран за изведувач на договорот за завршните занаетчиски работи за изградба на Музејот на ВМРО.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува