Отчет на Јанакиески: Набавени сите нови автобуси, изгрaдба на автопат, ниски цени на автомобилите

Од:

Во текот на минатата година е завршена набавката на нови автобуси, почна изградбата на последната  автопатска делница од Коридорот 10 и беа намалени цените на авиобилетите, истакна денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во отчетот за сработеното во 2012 година во ресорот што го предводи.

Според Јанакиески, иако многумина не верувале, критикувале и тврдеа дека проектот за набавака на автобуси нема да се реализира,  донесени се сите ветени автобуси. Граѓаните се возат во нови 200 двокатни, 80 нископодни автобуси и 16 минибуси. Но, исто така граѓаните ама и туристите се возат во уште 15 автобуси со отворен покрив,  за панорамско разгледување.  Или вкупно, после повеќе децении низ улиците има 311 нови автобуси, наведе Јанакиески.

На граѓаните како што рече, им се овозможени и пониски цени на авиобилетите преку проектот за финансиска поддршка на авиопревозници и склучениот договор со нискотарифната компанија Виз Ер која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Мулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен. – Поволните авиобилети за само два месеци, од кога беа воведени ги искористија повеќе од 112.000 граѓани Доказ за успешноста е и зголемениот обем на патници, односно лани на  македонските аеродроми минале 906.871 патници, што пак во однос на претходната година е зголемување за 8,7 отсто, рече министерот за транспорт.

Кај патната инфраструктура, укажа, се реконструираа и изградија повеќе од 320 километри локални патишта, за што се инвестирани 14,5 милиони евра. На патната делница Катланово – Велес со должина од 27 километри комплетно е обновен асфалтот, поставена е современа хоризонтална и вертикална сигнализација, нови банкини,  мрежа за заштита од одрони, осветлени се сите тунели, со што е подобрена безбедноста. Започна и постапката за избор на изведувач на градежните работи за рехабилитација и зацврстување на 13 мостови на овој дел од коридорот 10. Тоа е инвестиција од 8,6 милиони евра во соработка со НАТО, а Јанакиески очекува годинава да започнат градежните работи.

Според него, клучниот проект што го стартувале лани е автопатската делница Демир Капија – Смоквица, со должина од 28,2 километри, како дел од Коридорот Х. Со ова  целиот коридор ќе биде на ниво на автопатско решение и ќе се подобри поврзаноста на Македонија со другите земји членки на Европската Унија. Се очекува до крај на 2016 година оваа делница целосно да биде изградена, истакна Јанакиески.

Во минатата година, ппотстеи, започна голем инвестициски циклус во железницата. Во делот на инфраструктурата во тек се проектите за  целосна рехабилитација на пругите на три делници на потегот од Табановце до Гевгелија, проект со вредност од 17,6 милиони евра кој ќе се реализира и во 2013 година, реконструкција на делницата Куманово – Бељаковце дел од Коридорот 8 за што минатата година се обезбедени 46,4 милиони евра, работиме и на обезбедување финансиски средства за делот Бељаковце до Крива Паланка со Европската Банка за обнова и развој и Европската Инвестициона Банка за што веќе е обезбеден грант од инструментот Western Balkan Investment Framework, железничкото поврзување со Република Албанија, за што до сега се изработени физибилити студија и идејни проектни и започната е  тендерската постапка за изработка на основен проект која ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија……

Јанакиески ги наброја и активностите за проектот за  „Водоснабдување и одведување отпадни води“ и изградбата на објекти за домување на лицата од социјално-ранливите категории.  Во 2012 година  предадени се во употреба 3 објекти со вкупно 220 станови во Битола, Штип и Берово, а целосно е завршена проектната документација за 11 нови објекти во Скопје, Струмица, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Македонски Брод, Пехчево, Гостивар, Кочани и Свети Николе, рече министерот за транспорт.

Во делот на управувањето со градежното земјиште во  2012 година, Министерството за транспорт и врски распишало 101 објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на државата по пат на јавно наддавање со што се овозможиле нови инвестиции.  Досега вкупно 41 општини се здобија со правото да отуѓуваат и даваат под закуп земјиште и веќе има голем број склучени договори.

Во минатата година, посочи Јанакиески, бевме одлучни и во борбата со нелојалната конкуренција во превозот. За транспортерите обезбедивме дополнителни 3.350 транспортни дозволи за земјите со кои Македонија остварува економска размена, а 01. јануари оваа година е либерализиран транспортот со Хрватска и Босна и Херцеговина, веќе постигнавме либерализација на превозот, односно превоз без дозволи со Словачка, Швајцарија, Унгарија, Луксембург, Англија, Чешка и Латвија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска