Најмалку шест Палестинци повредени на границата помеѓу Појасот Газа и Израел

Од:

Најмалку шест Палестинци се повредени на границата на помеѓу Израел и Појасот Газа. Палестинските демонстранти фрлале камења и запалени гуми врз граничната ограда, а израелската армија отворила оган врз нив.

Според палестинските здравствени власти еден Палестинец е потешко повреден.

Портпаролот на израелската армија изјави дека војниците „одговориле со средства за разбивање на нереди, а пукале во согласност со правилата за ангажирање“.

Повеќе илјади Палестинци денеска се собраа во камповите под шатори, што беа поставени долж границата на Појасот Газа со Израел на 30 март.

Пред почетокот на протестот израелската армија распореди тенкови и снајперисти долж границата, а израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман предупреди дека секој кој ќе се доближи до граничната ограда го доведува животот во опасност. Белата куќа ги повика Палестинците да протестираат мирно и на 500 метри од границата.

Демонстрациите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30 март и беше најавено дека ќе траат шест недели, до 15 мај, Денот на независност на Израел, што Палестинците го нарекуваат „Накба“ (Катастрофа). Тогаш стотици илјади Палестинци ги напуштија домовите поради војната, по што е формирана еврејската држава во 1948 година.

Во демонстрациите на 30 март загинаа 34 Палестинци, а над илјада беа повредени од боева муниција. Минатиот петок на границата демонстрираа околу 20.000 Палестинци, а на 30 март беа околу 30.000 Палестинци кои протестираа поради израелската блокада, што трае повеќе од десет години, поради што палестинските бегалци не можат да се вратат во своите домови.

Организатор на „Маршот за враќање“ е Хамас, кое за Израел, Европска унија и САД е терористичко движење. Израел тврди дека Хамас го користи протестите како покритие за нападите.

Израелската армија изминатите недели неколку пати нападна објекти на Хамас во Појасот Газа, а Движењето тврди дека Израел сака да го вовлече во војна.

Покрај израелско-палестинските тензии. Израел е во состојба на готовност поради заканата од Иран за одмазда поради нападот врз сириска воена база ноќта помеѓу неделата и понеделникот, за што Москва, Техеран и Дамаск го обвинија Тел Авив.

Израел е во состојба на готовност и поради евентуалниот напад на САД врз силите на сирискиот претседател Башар ал Асад поради наводниот хемиски напад во Дума.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина