Мицкоски го честита Меѓународниот ден на Ромите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

Придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот исклучително се цени од страна на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин ќе придонесеме во иднина општествениот статус на ромите да биде унапреден се со цел подобрување на сегашноста но и на иднината на ромите во Република Македонија.

Република Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци затоа посветено и со заеднички сили треба напорно да работиме и во периодот кој што следува.

Почитувани припадници на ромската етничка заедница,

Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно со многу труд и мака сме го граделе. Во Македонија има место за сите за Македонците, Ромите, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаци и сите останати. Ние мораме овој модел на заеднички живот по секоја цена да го одбраниме, да се залагаме но и да го одржиме за идните генерации.

Мултиетничкиот карактер на нашата Македонија не смее да биде загрозен зошто на тој начин ни се загрозува иднината но и опстанокот. Затоа мораме сите заедно да застанеме и гордо со крената глава да се спротивставиме на секоја намера да се загрози унитарниот и мултиетничкиот карактер на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина