Индонезија: Фејсбук под истрага, на претставниците им се заканува затвор

Од:

Индонезиските власти соопштија дека започнале истрага против Фејсбук во врска со нарушување на приватноста на корисниците на таа социјална мрежа во Индонезија, додавајќи дека доколку биде прогласена за виновна, на претставниците на Фејсбук во земјата им се заканува до 12 години зтвор и парична казна од 871.000 долари.

Индонезиското Министерство за комуникации и информациски технологии денеска соопшти дека побарало од Националната полиција да ги истражи евентуалните кршења на законот за лични податоци, еден ден откако Фејсбук објави дека е можно повеќе од еден милион жители на таа држава да биле „жртви“ на неовластеното делување на фирмата за консултантски услуги во политика „Кембриџ аналитика“.

Министерството синоќа ги повика на разговор претставниците на Фејсбук во Индонезија и побара од нив социјалната мрежа да ги прекине апликациите кои и овозможуваат на трета страна да добие приватни податоци од корисниците.

Индонезија е четврта држава во светот по бројот на корисници на Фејсбук, каде активни профили имаат 115 милиони жители или 97 отсто граѓани кои имаат мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници