40-годишна жена се обидела да се самозапали во полициската станица во Драчево. Таа синоќа во 22.50 часот дошла во полициската станица, каде рекла дека е во депресија и дека сака да си го одземе животот.
Во станица бил повикан и нејзиниот син. Но, додека жената разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, во едне момент извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали.
Полицијата ја спречила во намерата. Како што информираат од МВР, таа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.