18.000 евра ќе бидат платени за два бели липицанери, за да го влечат пајтонот на плоштадот Македонија во Скопје.
Како што објави Утрински весник за десетина дена грчите липицанери ќе бидат донесени во Скопје. Коњите се набавени од приватна одгледувачница за коњи од Солун.
„Откако ќе бидат донесени, коњите ќе бидат 30 дена во карантин во една приватна коњушница. Имајќи ги предвид роковите за достава на кочијата, веројатно најдоцна до 15-ти март проектот ќе го промовираме како готов и пајтонот ќе биде ставен на услуга на граѓаните. Првите десетина дена со него ќе управува кочијаш Унгарец, кој на бесплатна услуга ќе ни го отстапи доскорешниот сопственик на коњите“, изјави за весникот, Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“.