Свечен собир во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето организира денеска Македонското лекарско друштво. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.
Собирот ќе го отвори претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров, по што ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче. Реферат по повод Светскиот ден на здравјето ќе прочита проф.д-р Моме Спасовски.
По обраќањата ќе бидат доделени признанија на Македонското лекарско друштво.