По 63 години од формирањето, здравствена струка во Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци

Од:

По 63 години од формирањето, здравствена струка добива Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Според новиот конкурс на Министерството за образование и наука за запишување на средношколци за наредната учебна година, во ова училиште ќе може да се конкурира за упис во смерот фармацевтски-лабораториски техничар.

Предвидена е една паралелка со 34 ученици. Школувањето ќе трае четири години, а за да се биде дел од новиот клас, потребни се минимум седумдесет поени при уписот.

– Очекуваме интерес за оваа нова струка од ученици од Кавадарци, но и околните општини Неготино, Росоман и Демир Капија. Целта е унапредување на образованието и воведување на атрактивни смерови кои ги сакаат учениците, рече за МИА Благој Димитров, директор на училиштето.

Според конкурсот, во прва година во ова училиште се планира да се запишат 306 ученици во девет паралелки со настава на македонски јазик. Според наставните планови и програми, предвидени се четири паралелки со 136 ученици во шумарско-дрвопреработувачка струка, а исто толку и во земјоделско ветеринарна струка. Во сите други паралелки, освен новата, потребни се минимум од 30 до 45 поени при уписот.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак