Затвореник од кумановскиот затвор се обидел да се самоубие

Од:

Затвореник од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ се обидел да се самоубие нанесувајќи си убодна рана во пределот на стомакот и во пределот на задната лева страна од вратот.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне во 16,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Куманово, Б.П. надзорник од Казнено-поправната установа “Затвор Куманово“ во село Кшиње пријавил дека во затореникот А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие на начин што во тоалетот, што се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.

Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов