Физички нападнат социјален работник во гостиварскиот центар

Од:

Социјален работник од гостиварскиот центар за социјални работи, вчера бил физички нападнат на работното место од жител на селото Леуново.

Според СВР Тетово, нападот се случил вчера околу 11 часот кога Р.Т. (61) додека се движел низ ходникот на центарот му се доближил Д.Ѓ. (19) од Леуново, почнал да му вика, да му се заканува и потоа физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото. Набрзо се вмешале други вработени во Центарот и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот, по што лишен е од слобода за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Напаѓачот и претходно е пријавуван за насилно однесување, а против него како малолетник се поднесени повеќе пријави во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов