ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека барал поткуп

Од:

„Зоран Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека бесрамно ја злоупотребувал службената положба барајќи поткуп.

Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде Премиер на Владата на Република Македонија.

Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде на функција. Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси себе си.

Јавното обвинителство и судот мора да соберат храброст и да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта за да го истераат случајот до крај.

Не смее немоќта да се гони криминалот на власта да се покрива со неосновани, политички монтирани обвиненија против неистомислениците.

Република Македонија е заробена држава. Владеењето на правото е девалвирано.

Неосновано обвинетите патриоти кои се гонат за политички нарачаното дело тероризам мора да бидат ослободени од притвор и од апсурдното обвинение.

Судството е под стегите на власта и дозволува Заев да прави што ќе му текне, додека политички нарачки против политичките противници на Заев се извршуваат експресно.

Декларативните заложби на Заев за интеграција на државата во ЕУ и НАТО се само замајување на јавноста и дефокус од хаосот со кој се соочува правосудството, политички монтираните случаи и притвори.

Државата нема да тргне ниту милиметар кон ЕУ и НАТО доколку Република Македонија не може да воспостави цврст систем на владеење на правото.

СДСМ сноси директна одговорност за деградираниот правен систем и девалвираната правна држава. Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, а тогаш сите оние кои постапувале политички, а не по словото на Законот и Уставот ќе сносат одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања