Почнува летното сметање на времето

Од:

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на последната седница на Владата, согласно директива на Европскиот Парламент.

– Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, соопшти Министерството за економија.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во три часот наутро, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски