Снег, дожд и утрински температури под нулата

Од:

Облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови и со снег во северните делови ќе преовладува и денеска во Македонија. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а веќе во попладневните часови речиси насекаде во државата ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до осум степени.

Во Скопје врнежите ќе бидат од снег и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени.

За време на викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски