Два случаја на каснување од кучиња скитници пријавени биле вчера во Скопје и во Неготино.
Како што соопшти МВР, во првиот случај О.Д.(33) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 09:00 часот на мостот „Гоце Делчев“ била касната од куче скитник за левата нога. На О.Д. и била укажана лекарска помош на Инфективна клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Неготинчанецот М.Ѓ.(47), исто така, вчера, пријавил дека додека се движел по улица „Гоце Делчев“ во Неготино, бил каснат од куче скитник, при што му биле нанесени телесни повреди.