ВМРО-ДПМНЕ: Ослободување на обвинетите во „Сопот“ – една од точките во Тиранската платформата

Од:

„Ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“ беше една од точките во платформата потпишана во Тирана на 7-ми јануари 2017 година.

Една година подоцна СЈО ги ослободи со образложение дека немало докази.

Кој го минираше патот Сушево-Сопот по кој на 4 март 2003 година се движеше конвојот на НАТО, одговор нема.

Кој ја набави и подметна експлозивната направа во месноста Божја Дупка, од чија детонација животите ги загубија припадниците на полскиот контингент, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски, одговор нема

Кои се првите луѓе на МВР, БЈБ и УБК одговорни за истрагата и дали тие знаеле за информациите изнесени денеска? Дали ќе има одговорност доколку СЈО верува дека тогашната власт ја монтирале истрагата? Дали ќе има одговорност за судиите кои тогаш го воделе предметот бидејќи според Катица Јанева суделе без докази?

Правдата во Република Македонија е на колена од политичките злоупотреби.

Тиранската платформа се реализира, а скандалите се покриваат со монтирани обвиненија во кои уметници, режисери, глумци, пратеници без никакви докази се прогласуваат за терористи.

Не постои никаква основа политички обвинетите за настаните од 27-ми да останат во притвор.

Денес Врховниот суд на Република Македонија ќе одлучува по приговорите на неправедно обвининетите патриоти. Нема ниту еден правен аргумент зошто на овие луѓе би им се продолжила мерката притвор.

Време е нарачаните пресуди и процеси да престанат!

При разгледувањето на нивните приговори судот мора да ги зема во предвид сите факти. Истрагата на обвинителството во врска со настаните од 27-ми април заврши со што се отстрани и последната пречка некој од нив да влијае на сведоците. Никој од патриотите не сторил кривично дело тероризам за да може да го повторат, а и голем дел од нив сами се пријавуваа во судот. Никој од нив нема причина за бегство.

Судот мора да одлучува врз основа на аргументи, а не политички!

Судот треба да се води исклучиво врз основа на закон, а не да исполнува желби на одредени центри за моќ. Судот не смее да си поигрува со законите и судбината на патриотите. Судот конечно мора да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа и да најде начин и сила да спречи секакви политички влијанија.

Основната придобивка на едно демократско општество е независно судство и правна држава.

Инситуциите мора да бидат оставени да си ја работат својата работа и да престанат да бидат користени во политички цели.

Република Македонија мора да стане правна држава. Тоа е нашиот единствен пат за напредок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски