Анѓушев: Мрднуваат од мртва точка работите околу Пензионерски дом во Кавадарци

Од:

По цели седум години чекање, мрднуваат од мртва точка работите околу изградба на Пензионерски дом во Кавадарци, вели за МИА Ристо Анѓушев, претседател на Извршниот одбор при Здружението на пензионери.

– Веќе е во фаза на изработка Генералниот урбанистички план и одредена е локација за изградба на Дом за стари лица, близу градскиот парк. Очекуваме таа локација од околу два декара државата најпрвин да ја додели на општината па потоа да ја добиеме ние. Начелно имаме поддршка од локалната самоуправа. Како Здружение на пензионерите од Кавадарци и Росоман имаме издвоено околу милион денари за постапката, а имаме и инвеститор од Турција кој ќе го гради домот, се работи за Турчин кој пред околу шеесет години се иселил од Македонија, па сега како пензиониран стоматолог сака да инвестира во родниот крај, појаснува Анѓушев.

Очекува до крајот на годината да почне и изградбата на домот во кој ќе можат да се сместат 150 пензионери.

– Порано како да беше срамота некој пензионер да живее во старски дом. Но сега на овој динамичен живот кога младите имаат и самите премногу обврски, многу од лицата од трета доба сакаат последниот период од својот живот да го поминат во дом, другарувајќи со свои врсници, додава Анѓушев.

Ова здружение опфаќа околу седум илјади пензионери од Кавадарци и Росоман. Во изминатиот период беше изразувано незадоволство поради одолговлекувањето на постапката за изградба на старски дом.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил