Кавадарци ќе добие нов кружен тек кај реката Луда Мара

Од:

Кавадарци ќе добие нов кружен тек кај реката Луда Мара, во близина на земјоделско-шумарското училиште. Од Службата за односи со јавноста денеска информираа дека стартуваше со реализација проектот на улицата „Блажо Алексов“, кај спојот со булеварот „Видое Смилевски“.

– Се работи на подготовка на теренот каде ќе има побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици, во кои се приклучува значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно влезот од правец на Неготино, соопштија од Службата за информирање.

Појаснија дека на досегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Проектот предвидува на овој потег вадење на стариот асфалт, спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а потоа два слоја на нов асфалт.

– Со ова ново сообраќајно решение ќе се создадат услови за оптимална безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот, рекоа од прес-службата.

Информираа исто така дека продолжува интензивната комунална изградба во општината, меѓу другото се работи и над градскиот стадион.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак