Двајца јужнокорејски скијачи, кои се натпреваруваа на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, добија доживотни суспензии поради сексуално вознемирување на колешки од националниот тим за време на Светското првенство во Акита, Јапонија.
Чои Џае-ву и Ким Џи-хјун се обвинети дека „физички и сексуално нападнале колешки“ и поради тоа ќе им биде забрането во иднина да се регистрираат како скијачи во националната федерација.
Тоа значи дека повеќе нема никогаш да можат да се натпреваруваат нуту на домашно, ниту пак на меѓународно натпреварување.
До инцидентот дошло кога скијачите ги повикале колешките на импровизирана забава, која вклучувала и големи количини на алкохол. Кога девојките ги одбиле, уследил напад за што тие сведочеле по враќањето дома.
Чои е еден од најпознатите корејски скијачи, но не успеа да стигне до медал на Игрите во Пјонгчанг, а Ким не ги помина квалификациите.